Реал Мадрид: Утре играме против Барселона и судиите, ова е доказот (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Утре се игра реваншот од полуфиналето на шпанскиот Куп меѓу Реал Мадрид и Барселона, а телевизијата на актуелниот првак објави неочекувано видео на социјалните мрежи.

Телевизијата на „кралевите“ објави видео во траење од 2.40 минути и во него се прикажани огромните грешки кои во изминатите години на нивна штета ги направил судијата Хуан Мартинез Мунуера кој треба да го суди „Ел Класико“.

„Против Барселона ни суди дуо од натпреварот во кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја и остана без титула. Мунуера ќе биде главен судија на мечот во Барселона, а Гонзалес ќе биде ВАР-судија. Каква случајност, ни суди тандемот со кој имаме најлоши спомени. Во сезоната 2020/21 поради нивните грешки на мечот со Севилја, Реал остана без титула во Ла Лига“, се вели во видеото.