Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека македонскиот бисер Елиф Елмас привлекол голем интерес од Реал Мадрид и Барселона по одличниот настап за македонската репрезентација.
Шпанските гиганти се заинтересирани за услугите на македонскиот фудбалер, иако од Наполи пристигна јасна порака на таа тема.
Елмас го продолжи договорот со тимот од Неапол минатата година и има соработка до 2025 година, па поради тоа Наполи ќе ги одбие сите понуди до крајот на годината.
Наполи го купи Елмас во 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра плус бонуси, а откако пристигна Лучано Спалети, тој добива поголема минутажа од претходно и ги оправдува очекувањата.