Реал Мадрид во битка со Барселона за фудбалер на Манчестер сити


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид доживеа дебакл против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), па на лето ги чека ремонт, а на листата со желби на тренерот Карло Анчелоти се наоѓа еден играч на премиерлигашот.

„Кралевите“ наводно се заинтересирани за Хулијан Алварез, чија вредност изнесува околу 50 милиони евра.

Алварез го покажа својот квалитет во дресот на премиерлигашот, но сигурно ќе биде тешко да се одбие понуда ако пристигне од Мадрид.

Манчестер сити не сака лесно да се откаже од услугите на Алварез, па останува да видиме што ќе направат „кралевите“ за да го добијат неговиот потпис.