Реал Мадрид во неверојатни проблеми: Ова на никого во Европа не му се случило!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во завршницата на натпреварот против Осасуна стигна до трите бода и остана во трката за титулата во Шпанија.

„Кралевите“ следен предизвик имаат во Лондон, односно во мечот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Челси.

Во Мадрид се надеваат дека ќе ја одбранат титулата во Ла Лига, но и дека ќе ја освојат ЛШ, меѓутоа Зинедин Зидан сезонава има неверојатни проблеми со повреди.

Последен во низата на повредени е Рафаел Варан, кој се повреди и нема да настапи во Лондон против Челси.

„По тестовите кои ги направи Рафаел Варан кај докторите на Реал Мадрид беше откриено дека има посериозна повреда на десната нога“, пишува на официјалната страна на тимот.

Повредата на Варан е вкупно 58. повреда која му се случува на Реал сезонава и ниту еден тим нема толку проблеми како „кралевите“.

Сепак, добра вест е тоа што Серхио Рамос и Ферланд Менди почнаа да тренираат со останатите фудаблери.