Реал Мадрид во сериозни проблеми пред дербито со Манчестер сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се наоѓа со сериозни проблеми пред мечот против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанските медиуми пишуваат дека во вторник од 21.00 часот нема да настапат Давид Алаба и Касемиро и тоа е проблем за тренерот Карло Анчелоти.

Австрискиот дефанзивец се повреди на гостувањето кај Осасуна, додека Бразилецот се повреди на тренинг во текот на неделата.

Медицинскиот тим се обидува да им помогне за да се вратат во вторник, а за настап не е сигурен ниту Ферлан Менди. Додека на листата со повредени играчи од претходно се Лука Јовиќ и Маријао Дијаз.

Достапен за дуелот против „граѓаните“ треба да биде Герет Бејл, кој го пропушти последниот меч.