Реал Мадрид во сериозни проблеми пред мечот со Жирона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид беше совладан пред неколку дена од Лајпциг во Лигата на шампиони, па сега сака да се врати со победа во Ла Лига.

Тренерот Карло Анчелоти, сепак, се соочува со проблеми пред дуелот со Жирона во домашниот шампионат, затоа што не може да смета на Карим Бензема, но и на Родриго.

Бензема сè уште е повреден и ќе го пропушти следниот натпревар, а на теренот нема да се појави ниту Родриго кој е болен и не можел да тренира на последниот собир на фудбалерите.

Добра вест за Анчелоти е тоа што Феде Валверде се врати на тренинг, но засега не е познато дали италијанскиот тренер ќе му даде шанса на теренот против Жирона.