Реал Мадрид водеше со 3-0, па за малку ќе прокоцкаше триумф


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва триумфираа со 3-2 против Алавес во седмото коло од шпанската Ла Лига.

Лукас Васкез во првата минута погоди за „кралевите“ и донесе водство од 1-0, по што стрелаа Килијан Мбапе и Родриго.

По третиот гол, „кралевите“ се опуштија, а потоа следеше казната од Алавес кој преку Бенавидез и Гарсија намали на 2-3.

Гостите имаа шанси и за 3-3, меѓутоа избраниците на Карло Анчелоти го одбранија триумфот.