Реал Мадрид враќа напаѓач кој го избрка пред 12 години!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во летниот преоден рок би можел да го ангажира напаѓачот на Еспањол, Хозелу.

„Мундо Депортиво“ објави дека шпанската екипа бара резервно решение за Карим Бензема, а наводно изборот паднал на Хозелу кој оваа сезона постигна 16 гола и асистираше четири пати на 35 меча.

Хозелу има откупна клаузула од 30 милиони евра, но дефинитивно цената ќе биде пониска за трансфер затоа што Еспањол се наоѓа пред испаѓање во понизок ранг.

Овој напаѓач играше за „кралевите“ пред 12 години, односно тренерот Жозе Мурињо му даде шанса на два меча во 2011 година и на нив постигна два гола, но тоа не беше доволно да се задржи во Мадрид.