Реал Мадрид за две ѕвезди потроши 160 милиони евра, а за возврат доби – два гола!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид пред почетокот на сезоната се засили со шест нови фудбалери за кои плати повеќе од 330 милиони евра, а само на Еден Азар и Лука Јовиќ даде 160 милиони евра, односно 100 милиони евра за Белгиецот и уште 60 за Србинот.

Седум месеци подоцна статистиката која ја имаат двајцата фудбалери е навистина катастрофална затоа што тие не се прилагодија најдобро во шпанскиот гигант.

Азар на подготовките на „кралевите“ се појави во очајно издание, по што го очекуваа повреди и досега одигра 13 меча, а притоа постигна еден гол и четири асистенции.

Од Јовиќ многу се очекуваше сезонава во Реал Мадрид, но тој е само „сенка“ на Карим Бензема, па настапи на 19 меча и постигна само еден гол.