Реал Мадрид за малку ќе го купел Нејмар за – 300 милиони евра?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Реал Мадрид бил подготвен да плати 300 милиони евра за Нејмар во 2019 година, а тоа го откри еден од менаџерите на Бразилецот, Вагнер Рибеиро.

„Кралевите“ така ќе ги урнеле сите рекорди во фудбалот и би ја надминале сумата од 222 милиони евра, која парижаните ја платија за Бразилецот во 2017 година.

„Две години по преселбата во Франција, Нејмар доби понуда од Реал Мадрид. Претседателот Перез ми кажа дека е подготвен да плати 300 милиони евра, но газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ми кажа дека нема да го пушти по ниту една цена“, вели Рибеиро.

Нејмар тогаш беше незадоволен во Париз и сакаше да го напушти тимот, но очигледно односите се сменија во меѓувреме и Бразилецот планира да потпише нова соработка.