Реал Мадрид за Меси имал подготвено огромно богатство!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Лионел Меси пред шест години бил блиску да ја напушти Барселона и да се пресели во Челси, но тој бил и на листата со желби на Реал Мадрид.

Неколку медиуми потврдија дека шпанскиот гигант сакал да го купи Меси во 2013 година, но Аргентинецот не размислувал премногу пред да ја добие нивната поунда.

„Кралевите“ му понудиле осумгодишен договор и плата од 23 милиони евра, со што Меси ќе станеше убедливо најплатен фудбалер во светот.

Исто така, претседателот на клубот од Мадрид, Флорентино Перез му кажал дека ќе испрати приватен авион за да ги средат преговорите во тајност, по што Меси ќе се пресели во Реал, но на крајот ништо од тоа не се случи.