Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид будно ги следеше натпревари на Светското првенство (СП), а притоа на листата со желби го додаде хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.
„Тутомеркато“ објави дека за Ливаковиќ се заинтересирани три европски гиганти, а тоа се Баерн Минхен, Реал Мадрид и Јувентус.
Италијанскиот медиум пишува дека Јувентус има предност за услугите на Ливаковиќ, меѓутоа „кралевите“ ќе се вмешаат во битката за хрватскиот чувар на мрежата.
Ливаковиќ не беше прогласен за најдобар голман на Мундијалот, но неговата статистика е импресивна. Тој имаше 25 одбрани, додека аргентинскиот голман Емилијано Мартинез запиша само седум.