Реал Мадрид заинтересиран за офанзивец на Ајакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Реал Мадрид се заинтересирани за еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Хаким Зијеш.

Мароканскиот интернационалец продолжи со одличните настапи во дресот на холандскиот гигант и повторно продолжи да го привлекува вниманието на големите тимови.

Според „Де Телеграф“, Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе фудбалерот  уште во јануарскиот преоден рок.

Зијеш беше интересен за многу клубови ова лето, но сега работата на заинтересираните екипи ќе биде многу потешка затоа што Мароканецот неодамна го продолжи договрот со Ајакс. Холандскиот клуб за него бара околу 50 милиони евра.