Реал Мадрид заинтересиран за првотимец на Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира на лето да ангажира нови засилувања со кои ќе биде поконкурентен во следната сезона во битката за трофеи.

„Калчомеркато“ пишува дека на листата со желби се наоѓа талентираниот Стефан Бајчетиќ, кој има само 18 години и доби статус на првотимец во Ливерпул.

Бајчетиќ одигра 22 меча оваа сезона за „црвените“, при што постигна еден гол и една асистенција, но тоа е доволно да се привлече интерес за европските гиганти.

„Кралевите“ ќе имаат конкуренција во битката за потписот на Бајчетиќ од нивниот вечен ривал Барселона, која исто така го следи талентираниот фудбалер.