Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Дефенса Централ“ објави дека Реал Мадрид планира следното лето да тргне по услугите на ѕвездата на Лестер сити, Јури Тилеманс.
Тилеманс е еден од најдобрите фудбалери на „лисиците“, но има договор до крајот на следното лето, па токму тоа сака да го искористат „кралевите“.
Белгискиот репрезентативец одигра 157 меча за премиерлигашот, но се соочува со неизвесна иднина на „Кинг Пауер“.
Реал Мадрид бара наследник на Лука Модриќ, иако веќе ангажираше неколку млади фудбалери од средниот ред, а исто така покажа и интерес за уште неколку таленти, па следното лето повторно ќе биде интересно за навивачите на „кралскиот клуб“.