Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше со 4-1 во првото коло од шпанската Ла Лига, а два гола постигна Карим Бензема, додека Начо и Винисиус постигнаа по уште еден.
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти имаше што да каже по последниот судиски свиреж.
„Бензема е шлаг на тортата на оваа екипа. Ги читаше одлично ситуациите. Тој е играч за кој е малку да се каже дека е само напаѓач. Тој е комплетен фудбалер“, вели Анчелоти.
Италијанецот потоа го спомена и Герет Бејл, кој се врати во екипата.
„Не знам дали е повеќе посветен отколку претходните години, не сум бил тука. Добро ги гледам сите фудбалери. Бејлл ќе напредува, зашто кондицијата уште не му е на вистинско ниво“, објаснува Анчелоти.