Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тимот на Реал Мадрид го презеде познатиот трофеј ‘Лауреус’ како најдобра светска екипа за 2024 година, што уште еднаш го потврди нивниот статус како најуспешна спортска екипа во светот.
Во силна конкуренција, „кралскиот клуб“ го доби признанието пред други квалитетни тимови: женскиoт тим на Барселона, кошаркарите на Бостон Селтикс, тимот на Мекларен од Формула 1, машката фудбалска репрезентација на Шпанија и кошаркарската репрезентација на САД.
Признанието беше заслужено по исклучителната сезона која ја оствари тимот на Карло Анчелоти во 2024 година. Реал Мадрид освои пет значајни титули: титулата од Лигата на шампионите, шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.
Real Madrid are the Laureus World Team of the Year 🏆#Laureus25 | @realmadrid pic.twitter.com/rNMY2QiUbQ
— Laureus (@LaureusSport) April 21, 2025
Фото: Real Madrid/FB