Реал Мадрид ѝ покажа на Жирона кој е главен во Шпанија (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 3-0 против Жирона и го презема врвот во Ла Лига.

Жирона пред овој меч играше одлично и се надеваше на изненадување против „кралевите“, но не успеа во тоа, откако Хоселу и Чуамени стрелаа во првото полувреме за Реал Мадрид.

Реал Мадрид постигна уште еден гол, и тоа преку Џуд Белингам во вториот дел за конечни 3-0 и нови три бода.