Реал најде замена за Чачо – Американец со хрватски пасош


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После одлуката на Серхио Родригез уште еднаш да се проба во НБА, Реал Мадрид тргна во потрага за нов организатор, а изборот падна на Донти Дрејпер кој минатата сезона играше за Локомотив од Краснодар.

Според Гигантес, репрезентативецот на Хрватска го договорил враќањето во Реал Мадрид после 2-годишната авантура во Ефес и Локомотив.

Дрејпер во првиот мандат во Реал освои 1 титула шпански шампион, 1 шпански куп, а и два пати беше вицешампион на Европа.

Тој минатата сезона имаше учинок од 7 поени, 2 асистенции, 2 скока по натпревар во Евролигата.