Реал нема да се ослободи од Бејл ни ова лето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот медиум „Сан“ пренесува дека Реал Мадрид нема да се ослободи од Герет Бејл ниту ова лето.

Поради големите финансиски барања на Бејл, тешко е дека по кризата од коронавирусот ќе се најде тим кој ќе се согласи да ги плати тие пари, па затоа од Реал Мадрид ќе влезат во нов обид за колку толку да го вратат„ во живот“ Велшанецот.

Наводно ќе се работи на тоа Бејл да ги подобри односите со тренерот на клубот, Зинедин Зидан и да ја подигне формата за веќе од следната сезона да биде од помош на клубот.

Бејл не се изнаигра последниве години во „кралскиот клуб“ , а неговата астрономска плата стана голем товар и за гигант од типот на Реал Мадрид.