Реал нуди два играчи и пари за Сисоко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После одличното одиграно Евро во дресот на Франција, не е премногу чудно што Њукасл ја дигна цената на Муса Сисоко на големи големи 35 милиони фунти.

Францускиот мотор го сакаа неколку клубови ширум Европа, а според шпанските медиуми најголеми шанси за невото доведување во своите редови има Зинедин Зидан, односно Реал Мадрид.

Според англиските медиуми, Реал Мадрид во замена за Сисоко на Сент Џејмс Парк нуди и двајца млади талентирани од сопствената фудбалска школа.

Маркос Љоренте и Мариано Диаз, кој менаџерот на Страчките Рафа Бенитез многу добро ги познава, се понудени на Њукасл во замена за Французинот.