Реал пак доби пенал, „кралевите“ многу блиску до шампионската титула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид славеше очекувана и сигурна победа против тимот на Алавес од 2:0.

Со оваа победа избраниците на Зинедин Зидан на три кола до крајот на првенството дојдоа чекор поблиску до освојување на титулата во Ла Лига.

Резултатот го отвори Карим Бензема уште во 11. минута откако беше прецизен од белата точка.

Конечните 2:0 ги постави Марко Асенсио со гол постигнат на самиот почеток на второто полувреме од натпреварот.

На три кола до крајот разликата помеѓу првопчласираниот Реал Мадрид и второпласираната Барселона е четири бода.