Реал подготви 20 милиони евра, но Челси го има последниот збор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во завршницата на летниот преоден рок го ангажира Кепа на позајмица од Челси.

Кепа го замени повредениот Тибо Куртоа меѓу стативите на „кралевите“ и имаше добри настапи, па поради тоа Реал Мадрид сака да го задржи и нуди 20 милиони евра за неговиот трансфер.

Флорентино Перез сака да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција, а Кепа делува како одличен избор за конкурент на Куртоа.

Челси е на потег да реши дали ќе ја прифати понудата од Мадрид или ќе бара повеќе пари од некој друг тим, со надеж дека цената ќе се зголеми на голманот кој во изминатите години беше често критикуван поради лошите настапи, иако имаше моменти во кои блескаше на голот на „сините“.