Реал се стабилизира: Зидан имал посебни разговори со неколку фудбалери!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Враќањето на Зинедин Зидан на тренерската клупа на Реал Мадрид ги израдува навивачите на „кралевите“, зашто кај сите се врати надежта дека може да очекуваат добри резултати во иднина со тренерот, кој од 2016 до 2018 година ги освои сите трофеи со нив.

Клубот најави големи промени во екипата, но фудбалерите за кои се сметаше дека сигурно ќе заминат, тие добија шанса кај Зидан.

Најмногу се шпекулира во последно време дека од клубот ќе заминат Рафаел Варан и Марсело, но очигледно и во наредната сезона ќе го носат дресот на „кралевите“ и тоа токму поради Зидан.

Зидан со овие фудбалери имал посебни разговори, па им објаснил дека планира да смета на нив и во наредната сезона.

По разговорите со двајцата фудбалери, тие покажале желба да останат во Мадрид и најверојатно со тоа ќе се согласи и раководството на тимот.

Марсело во претходните месеци се поврзуваше со Јувентус, додека Варан наводно имал понуда од Манчестер јунајтед.