Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед ќе играат на стадионот на Јуве!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските власти не попуштаат со протоколите за ковид-19, па поради тоа Реал Сосиедад ќе игра против Манчестер јунајтед во Италија на 18 февруари.

Натпреварот од Лига Европа ќе се одигра на 18 февруари на стадионот на Јувентус, а шпанскиот тим ќе ја има улогата на домаќин.

Јунајтед не може да гостува во Шпанија затоа што важат строги правила во државата за лицата кои доаѓаат од Велика Британија.

Реваншот од овој двобој е закажан за една недела подоцна и ќе се одигра на „Олд Трафорд“.