Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид летово ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, откако репрезентативецот на Габон побара трансфер од премиерлигашот.
Англиските медиуми објавија дека Обамејанг, кој има уште една година од неговиот договор со „топчиите“ не планира да ја продолжи соработката, па клубот од Лондон ќе мора да го продаде ако сака да заработи.
Напаѓачот, наводно, е високо на листата со желби на тренерот Зинедин Зидан и Реал веќе почнал со акција за ангажирање на напаѓачот.
Голем интерес за неговите услуги покажаа и Барселона, Интер, Манчестер јунајтед и ПСЖ, но Реал очигледно е во предност.
Обамејанг во Арсенал стигна во 2018 година од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, а во 97 настапи постигна 61 гол.