Реал во проблеми: 200 милиони евра му го „матат паметот“ на Бензема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема требаше да потпише договор до 2024 година, но сè уште не ставил потпис на нова соработка и следниот месец ќе стане слободен фудбалер.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бензема би можел да го напушти Реал Мадрид затоа што добил понуда од 200 милиони евра за две сезони од екипа од Саудиска Арабија.

Бензема го носи дресот на поранешниот шпански првак од 2009 година, а притоа ги освои сите трофеи со гигантот од Мадрид.