Реалност или шпекулации? Кристијано Роналдо доби огромна понуда од Челси!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанците објавија дека на адресата на Јувентус пристигнала понуда од 120 милиони евра за Кристијано Роналдо. Купувач е Роман Абрамович, кој сака да направи маркетинг потег и на младиот тим на Челси да му донесе еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Се шпекулираше дека Јувентус поради финансиските проблеми ќе мора да го продаде Роналдо, кој има плата од 30 милиони евра годишно, но тоа го демантираа од клубот.

Сега медиумите пишуваат дека Јувентус би можел да го продаде, а Челси е во предност за неговиот потпис бидејќи ги нуди и Емерсон Палмиери, Маркос Алонсо и Жоржињо, со кои треба делумно да се намали цената на Португалецот.

Тоа звучи неверојатно во моментов, но никогаш не се знае во светот на фудбалот.