Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анте Ребиќ беше исклучен по 15 минути игра и скапо го чинеше Милан во дуелот против Јувентус. Хрватскиот фудбалер жестоко и невнималтено стартуваше врз Данило, а судијата Даниеле Орсато му покажа директен црвен картон.
Ребиќ денеска ја дозна и казната за остриот старт. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија го казни со пауза од еден меч и тој нема да игра во првиот дуел од Купот следната сезона.
Треба да се спомене дека казнет е и голманот на Наполи, Давид Оспина поради жолти картони, па нема да може да брани во финалето против Јувентус.