Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Клубовите во Италија забрзано работат на подготовките за продолжување на сезоната во која сигурно ќе не очекуваат уште доста интересни натпревари.
Во центарот на вниманието се Јувентус, Лацио и Интер кои ќе водат борба до крај за тоа кој ќе ја освои титулата во Италија.
Играчите на Јувентус напорно работат на тренинзите за да ја сочуваат предноста која ја имаат пред Лацио и Интер.
Од денешниот тренинг на овој клуб ни доаѓа одлична снимка од Пауло Дибала кој и покрај проблемите кои ги имаше поради коронавирусот, очигледно е во супер форма. Дибала речиси два месеци се мачеше со опасниот вирус, но покажа дека тоа не оставило трага на него и дека е подготвен за нови предизвици.















