Ред Бул е шампион во конструктори: Ферстапен побрз од конкуренцијата во Јапонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен уште еднаш ја покажа својата моќ на патеката и славеше на трката за Големата награда на Јапонија.

Шампионот не беше загрозен во ниту еден момент од трката, а неговата победа во Јапонија беше доволна за да ја обезбеди титулата во конструктори на Ред Бул.

Ова е шеста титула во конструктори на Ред Бул, кој покажа дека има одлични болиди и оваа сезона, иако Серхио Перез не ја заврши денешната трка.

Зад Ферстапен завршија двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, по што во топ-5 се најдоа и Шарл Леклер од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес.