„Ред Бул наскоро ќе биде просечен тим, ќе си замине и Ферстапен“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер смета дека заминувањето на Адријан Њуи значи распаѓање на шампионскиот тим на Ред Бул.

Причина за заминувањето на Њуи е однесувањето на првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

„Сè почнува од Хорнер кој верува дека Њуи не му е потребен. Затоа мислам дека Ред Бул наскоро ќе биде просечен тим, а ќе си замине и Макс Ферстапен“, вели Шумахер.

Ред Бул доминира веќе три сезони по ред во Формула 1, колку што титули освои Ферстапен.