Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
На претстојната трка за Големата награда на Јапонија што ќе се одржи на легендарната патека Сузука, тимот на Ред Бул ќе вози со специјален дизајн на болидот, кој значително ќе одстапува од вообичаените препознатливи бои.
Овој уникатен изглед е инспириран од долгодишната соработка со Хонда. Дизајнот ќе биде ретроспектива на славните денови на јапонскиот автомобилски гигант во Формула 1. Болидот ќе биде обоен во бело, што потсетува на познатите модели што Хонда ги остави како траен белег во историјата на спортот.
Трката во Сузука е трета по ред оваа сезона во календарот на Формула 1 и ќе се одржи следниот викенд.
Aura level… 💯#F1 || #JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/oJfbeQylob
— Oracle Red Bull Racing | オラクル・レッドブルレーシング (@redbullracing) April 1, 2025