Редарка не го препозна Бонучи и сакаше да го врати на трибини 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Италија ќе се бори за титулата на Европското првенство (ЕП) откако вчера ја совлада Шпанија со 4-2.

Ѕвездите на Италија почнаа да слават заедно со навивачите покрај трибините, а на прославата посебно ќе се сеќава дефанзивецот на „аѕурите“, Леонардо Бонучи, кој за малку ќе завршеше на трибините.

Бонучи дојде пред навивачите да ја прослави победата, а потоа се обиде да се врати на теренот, по што се случи комична сцена.

Редарката не го препозна дефанзивецот на Италија и помисли дека станува збор за навивач кој се обидува да влезе на теренот, по што се обиде да го запре.

Бонучи остана изненаден, а тоа го покажува и неговата реакција.