Реџбер: Постои лек за Ковид-19, го применија на мене!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот турски голман Рушту Реџбер беше во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, кој му го пренесе неговата сопруга, но сепак успеа да оздрави.

Рекордерот по број на натпревари за турската репрезентација кажа дека постои лек за Ковид-19 и дека него го излекувале.

„Беше тежок и долг процес, но лекот за овој вирус кој го даде нашето Министерство за здравје очигледно помага. Докторите го применија на мене, интезивно во текот на 10 дена и вложија многу труд. Поддршката од моите најмили во овој процес беше фантастична. На крајот сите се многу среќни и тоа е најважно“, вели Реџбер.

Реџбер со Турција стигна до трето место на Мундијалот во 2002 година, а трипати учествуваше на Европските првенства.