Редсите во декември ги очекуваат два натпревари во 24 часа на два различни континенти, но Клоп пронајде решение


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул наредниот месец ќе одигра два натпревари во рок од само 24 часа бидејќи се поклопуваат термините со Карабао Купот и Светското Клупско првенство.

Редсите на 17. декември ги очекува натпревар во Карабао Купот против Астон Вила, а другиот ден тимот на Јирген Клоп ќе го започне настапот на Светското Клупско првенство со натпреварот во полуфиналето против Фламенго.

Со сигурност во фудбалот не гледаме така често еден клуб да игра два натпревари и тоа во само два дена и тоа на различни континенти. Но, Клоп одлучи дека ќе најде решение за тоа и дека ќе го испочитува густиот распоред кој ги очекува.

Во Ливерпул веќе некое време размислуваа за овие натпревари, а англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе има пронајдено решение. Најдобриот тим ќе го води на Светското Клупско првенство, додека шанса во Карабао Куп ќе добие младиот тим на Ливерпул.

Клоп ќе го предводи својот тим во Катар на натпреварот против Фламенго, а на натпреварот против Астон Вила од клупата ќе „диригира“ Неил Критслеј кој го предводи тимот У23 на екипата од Анфилд.

Капитен на Ливерпул против Астон Вила ќе биде 18-годишниот Куртис Џоунс, а покрај него ќе играат неговите врсници без ниту еден поискусен фудбалер од првиот тим на Редсите. Клоп најјакиот тим сака да го води во Катар и јасно е дека настапот на Карбао Купот веќе не е толку важен.

Сепак тој говореше дека екипата ќе се повлече од ова натпреварување, но на крај одлучи да го испочитува Карабао Купот и покрај тоа што Астон Вила сигурно ќе бидат фаворити во натпреварот против јуниорите од Анфилд.