Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус планира голема реконструкција на лето со цел да создаде моќен тим кој би можел тренерот Масимилијано Алегри да го врати на врвот во Серија А.
Во моментов е познато дека аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала заминува на крајот на сезоната како слободен играч, но освен него треба да заминат уште тројца играчи.
Јувентус ги ангажираше Мануел Локатели и Денис Закарија, а со тоа стана јасно дека нема повеќе иднина за Артур Мело и Адриен Рабио во екипата, па се очекува да бидат продадени на лето.
Од клубот се очекува да замине и Федерико Бернардески, кој бара многу поголема плата од тоа што му нуди Јувентус и затоа „бјанконерите“ ќе се обидат да заработат пари на негов трансфер.