Рекорден договор за човекот кој го однесе Бостон до титулата во НБА


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум во текот на следните недели треба да стане најплатен кошаркар во НБА-лигата.

Тејтум му помогна на Бостон да го освои трофејот и ги исполни сите услови за да потпише максимален договор вреден 315 милиони долари за пет години.

Договорот што ќе го потпише Тејтум ќе важи од 2025 година, односно од моментот кога ќе му заврши актуелната соработка.