Рекорди кои Ѓоковиќ уште ги брка на гренслем-турнирите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 80. победа на Ју-Ес опен откако го победи Матео Беретини во ечтвртфиналето. Со тоа е на трето место на листата на играчи со најмногу триумфи во Њујорк, а пред него се Џими Конорс со 98 и Роџер Федерер со 89.

Што се однесува на Австралијан опен, кој Ѓоковиќ го освојуваше девет пати, тој е на второ место и има 82 победи, односно 10 помалку од Федерер. Додека во Париз е веднаш зад Рафаел Надал кој има 13 титули и 105 триумфи.

Само Федерер успеа да ја повтори таа бројка и тоа на Вимблдон, кој го освои осум пати, а Ѓоковиќ и таму е зад Конорс и Швајцарецот.

Уште еден рекорд Ноле може да урне, а тоа е по број на победи на гренслем-турнирите. Федерер е најдобар со 369, Ѓоковиќ има 321, а трет е Надал со 292 победи.