Ремонт на повидок: Пирло „отпиша“ десет фудбалери од Јувентус!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јувентус влегува втора сезона по ред со нов тренер. Маурицио Сари во Торино остана само 12 месеци, а отказ доби по елиминацијата од Лион во Лигата на шампиони.

Првите реакции во Италија се дека Сари никогаш не бил добредојден во Торино затоа што во минатото го водеше големиот ривал Наполи.

Сепак, следната сезона италијанскиот шампион ќе го предводи Андреа Пирло, кој веќе отпишал десет фудбалери.

Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Блез Матуиди, Даглас Коста, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матија де Шиљо, Даниеле Ругани, Алекс Сандро и Данило се фудбалерите кои се на трансфер-листата.

Подготовките за новата сезона на клубот ќе почнат на 24 август, а Пирло ќе има доволно време да состави еккипа според своите желби.