Ремонт во Мадрид: Перез ќе избрка четири фудбалери!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид планира следното лето да се ослободи од неколку фудбалери, а „Марка“ го објави списокот на претседателот Флорентино Перез за „отстрел“.

Шпанскиот гигант во претходните месеци потпиша нови договори со најважните фудбалери, додека осум играчи ќе си заминат од клубот.

Нови договори нема да им бидат понудени на Марко Асенсио и Дани Себаљос, кои од 30 јуни ќе бидат слободни играчи, а ќе им се приклучи и Маријано Дијаз.

Начо се надева да ја продолжи соработката, но засега не е познато ставот на Перез, додека резервниот голман Луни уште нема потпишано договор, но најверојатно ќе остане.

Лукас Васкез и Еден Азар се во претпоследната година од договорот, но постои голема веројатност Белгиецот да си замине.