Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед тргна по уште тројца фудбалери кои ќе се обиде да ги купи до крајот на преодниот рок, а тоа се Кристијан Пулишиќ од Челси, Јан Сомер од Борусија Менхенгладбах и Касемиро од Реал Мадрид.
Во Манчестер веќе пристигнаа Кристијан Ериксен, Тајрел Маласија и Лисандро Мартинез, но тоа не му помогна на тимот да ја почне успешно сезоната и веќе врза два порази по ред.
Тен Хаг бара решение во средината на теренот, а клубот е подготвен да плати до 80 милиони евра за услугите на Касемиро.
„Ѓаволите“ тргнаа и по фудбалерот на Челси, Пулишиќ затоа што веќе им пропаднаа обидите да го купат Френки Де Јонг од Барселона.
Исто така, на „Олд Трафорд“ треба да пристигне и Сомер на позајмица и ќе биде замена за Давид де Хеа.