Ренато Санчес претставен во новиот клуб, голем број фанови го пречекаа на аеродром (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот интернационалец Ренато Санчес дефинитивно си заминува од Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Следен клуб на Санчес ќе биде францускиот Лил кој на Баерн Минхен ќе му плати 25 милиони евра за младиот португалски фудбалер.

Санчес веќе пристигна на аеродромот опкружен со големо обезбедување, а откако ги мина медицинските прегледи потпиша петгодишен договор со тимот на Лил.