Ренџерси доведоа засилување од Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на шкотски Ренџерс денеска потврдија дека овој клуб доведе засилување од актуелниот шампион на Англија, од екипата на Лестер.

Имено, Ренџерс во своите редови го доведе Џое Додо кој потпиша договор на четири сезони.

Овој напаѓач во шкотскиот тим стигна од Лестер каде што не успеа да се избори за место во стартниот состав покрај Џејми Варди.

Овој 21-годишен фудбалер во минатата сезона запиша само еден настап во Премиер лигата, но во Лига купот постигна хет-трик против Бери. Сепак, тоа не беше доволно за и понатака да остане член на Лисиците.

Додо вториот дел од сезоната ја помина на позајмица токму во редовите на Бери.После што во јануари Клаудио Раниери го доведе напаѓачот Демераи Греј, јасно порача на Додо дека може на лето да побара нов клуб.