Репрезентативецот Спировски потпиша за ерменскиот првак Пјуник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски доби нов предизвик во следната сезона, откако потпиша едногодишен договор со ерменскиот шампион Пјуник.

Спировски се сели во Ерменија, каде што ќе игра заедно со македонскиот репрезентативец Марјан Радески.

Репрезентативецот на Македонија претходно играше за Вардар, Пелистер, Работнички, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, МТК Будимпешта и други тимови.