Репрезентативец на Перу ја тепал сопругата во лифт (Видео)

Поранешната сопруга на репрезентативецот на Перу, Кристијан Куева во телевизиска емисија објави дека била претепана од фудбалерот.

Памела Лопез го обвини Куева за насилство и откри дека со години била физички малтретирана од избраникот.

„Ние бевме во врска 13 години и постојано трпев насилство. Понекогаш сведоци на тоа малтретирање беа и нашите деца“, открива Памела.