Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 10 дена нѐ очекува „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, а репрезентативната пауза им создаде проблеми на „кралевите“.
Во дуелот меѓу Бразил и Колумбија се повреди Едер Милитао, кој мораше да го напушти теренот поради болка во мускул.
По прегледите беше откриено дека бразилскиот репрезентативец мора да паузира две недели, а тоа значи дека ќе го пропушти мечот против Шахтер во Лигата на шампиони, но и „Ел Класико“.
Милитао е еден од најважните фудбалери на шпанскиот гигант во дефанзивниот дел и Анчелоти ќе биде во проблеми пред две важни средби.
Милитао досега одигра 17 меча за Бразил, а на „Сантијаго бернабеу“ стигна во 2019 година од редовите на португалски Порто.