Репторс доби вредно засилување


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Канадската екипа ќе биде посилна со одличниот центар.

Џаред Салинџер е нов кошаркар на Торонто Репторс.

Салинџер е висок 206 центиметри, најдобро се снаоѓа на позицијата крилен центар, но во Бостон покажа дека е силен и како центар.

Минатата сезона во Селтикс имаше учинок 10.3 поени, 8.3 скока по натпревар. Одигра 81 натпревар, а просечно 23.6 минути.

На клубот од Ер Канада Центарот му беше потребен кошаркар како него бидејќи од клубот си заминаа Бијомбо, Џонсон и Скола.