Ретклиф ангажира еден од најважните луѓе на Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најзаслужните луѓе за успехот на Манчестер сити во минатото е Омар Берада, а тој во иднина ќе работи за Манчестер јунајтед.

Откако милијардер Сер Џим Ретклиф купи 25 отсто од акциите на премиерлигашот стана јасно дека ќе има сериозни инвестиции во изградба на шампионски клуб.

Берада треба да ги преземе сите активности за ангажирање на нови засилувања на „црвените ѓаволи“ идното лето.

Берада беше еден од најважните за ангажманот на Елинг Халанд, но и многу други ѕвезди кои пристигнаа во претходните години.