Ретклиф ќе му ја „удри клоцата“ на Тен Хаг – познат е новиот стратег на „ѓаволите“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед со многу мака се пласира во финалето на ФА-купот, а тоа го изнервира милијардерот Сер Џим Ретклиф кој решил да му даде отказ на Ерик Тен Хаг на крајот на сезоната.

Тен Хаг веќе некое време разочарува со резултатите со премиерлигашот, па поради тоа Ретклиф смета дека е време за промена.

Англиските медиуми пишуваат дека Ретклиф сака да го ангажира Томас Тухел, кој заминува од Баерн Минхен на крајот на сезоната во Бундеслигата.

Тухел претходно работеше во Челси со кој стана европски шампион, но беше избркан по доаѓањето на газдата Тод Боели.